Нема пенал за Англија, има гол за Италија, повторно изненадувачки стрелец

Леонардо Бонучи две години немаше дадено гол за репрезентацијата на Италија, а вечерва го направи тоа во средината на второто полувреме за изедначување на 1-1 во финалето на ЕП.

Англичаните се бранат во второто полувреме, но Италија го разби бункерот и сега резултатот е нерешен. Италија 44 години нема загубено официјален меч против Англија.

Пред да падне голот, во 16-никот на Италија имаше спорна ситуација, Англичаните бараа пенал кога Стерлинг падна, но за разлика од полуфиналето со Данска, сега судијата не досуди пенал за домашните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести