6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Нема пет од пет за Карик: Јунајтед се спаси од пораз во 96-тата минута (Видео)

Серијата од четири победи по ред за Манчестер јунајтед откако на тренерската позиција во клубот беше назначен Мајкл Карик заврши во Источен Лондон.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 на гостувањето кај Вест хем, но може да бидат задоволни со бодот, бидејќи се до 96-тата минута имаа негатива од 1-0.

Херој на Манчестер јунајтед беше словенечкиот репрезентативец, Бенјамин Шешко, кој спречи прв пораз на „ѓаволите“ под водство на Карик.

Претходно, Вест хем поведе преку Томаш Сучек во 50-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести