Нема посигурен кец од тоа дека Вардар денеска ќе победи

Македонскиот фудбалски првак Вардар прв пат сезонава е во толку фаворитска улога во меч од Прва лига. Црвено-црните се домаќини на Беласица, екипата која е последнопласирана по досега одиграните 6. кола.

Струмичани се катастрофали и редат само порази, па затоа се единствени без ниту еден освоен бод досега, со гол разлика 1:17, што значи дека во просек примаат по речиси три гола на дуел. Вардар сезонава не е ни бледа сенка од ланскиот состав, па затоа и е во долниот дел од табелата со само две победи.

Големо е ривалството на овие два тима од минатото, а интересно е што послдните четири средби завршувале нерешено. Три пати било 1:1 и еднаш 0:0. Сепак, ова е меч на кој Вардар треба да освои сигурни три бода за да избегне од зоната за испаѓање. Дуелот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ покрај куќата на ФФМ.

Во останатите мечеви кои се играат денеска со почеток од 15 часот, а ќе имате можност да се обложите во Sport Life, ќе играат: Академија Пандев – Силекс, Пелистер – Шкендија, Ренова – Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум – Шкупи.

 

- Оглас -

Најнови вести