Нема позитивни: Утрово беа направени и последните ПЦР тестови на ракометарите

Сите во таборот на македонската репрезентација се негативни и на денешните последни тестови за Коронавирусот во пресрет на дуелот со Словенија. Селекторот Кирил Лазаров ќе смета на сите играчи кои допатуваа во Дебрецин и со верба во нашите можности, да се спротиставиме на големиот ривал.

Македонија имаше проблеми со Коронавирусот непосредно пред патувањето кога на последното тестирање во Скопје позитивни беа голманите Митревски и Кизиќ, а за Унгарија не отпатуваа ниту Ојлески, Младеновиќ и Велковски.

Дуелот на Македонија против Словенија ќе биде од 18 часот, а во Sport Life имате неверојатно голем број игри за обложување.    

 

- Оглас -

Најнови вести