Нема публика на градско дерби и со Баерн, за инает и за навивачите пак ќе играме во Бундеслигата

Ветеранот Кристијан Гентнер во вистински момент го постигна вториот гол сезонава за Унион Берлин и му донесе на дебитантот во Бундеслигата и победа против Келн и веројатно и опстанок на својот тим, а потоа блесна со легендарна изјава.

„Па моравме од инает да победиме и јас да дадам гол. Сезонава сме оштетени поради пандемијата со Коронавирусот и игравме без публика на градското дерби против Херта, на стадион што прима 80 илјади луѓе, а и на историскиот меч со Баерн. Ми е жал што беа оштетени нашите симпатизери. Ќе им се реваншираме на најдобрите навивачи во Германија со нов настап во Бундеслигата“, изјави Гентнер.

Унион Берлин ја игра првата и историска сезона во Бундеслигата и како стојат работите е многу блиску до опстанок. На три меча до крајот на сезоната имаат позитива од 7 бода пред екипите што се во зоната за испаѓање и им треба само уште една победа за нова виза во Првата лига.

Во деби сезоната на Унион Берлин, Копеник и стадионот „Алтен Фурстереј“ се хит места во Германија, а навивачите на тимот беа импресивни. Стадионот на новиот прволигаш постојано крцкаше со масовна посета и со прекрасен амбиент, па тешко се наоѓаа билети за мечевите на Унион Берлин на домашен терен.

Сепак финишот на сезоната како што е познато се игра пред празни трибини, па Унион Берлин и неговата армија симпатизери не можеа да се дружат на два многу важни дуели.

Фановите на Унион мораа да го пропуштат историското гостување на култниот „Олимписки“ стадион во Берлин и не можеа да присуствуваат на градското дерби со Херта.

Во Копеник им гостуваше и шампионот Баерн за првпат во историјата во бундеслигашки меч, но и тој меч не можеа да го следат од трибините поради пандемијата со Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести