34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Нема шега со домаќините во Франција, Белгија и Англија

1701 Монако – Нант (21 ч.)

Стартот на новата сезона во француското првенство е на прославениот стадион „Луј Втори“ во Монако. Домаќините веќе започнаа, и тоа со победа во квалификациите од Лигата на шампионите, на гости кај Спарта Прага славеа со 2:0.

Монако е поквалитетен тим од гостите, кои минатата сезона едвај се изборија за опстанок во елитата. Монако има шест победи во низа против Нант, а и вечерва се очекува триумф на тимот од малото кнежество.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.72)

 

1655 Бриж – Серкл Бриж (20:45 ч.)

Белгискиот првак е голем фаворит против градскиот ривал. Бриж победил на последните четири меча со овој ривал, а на девет последни дуели против Серкл Бриж дава барем по два гола, што е најава за ефикасен дуел.

Бриж секогаш негува офанзивен стил на игра и треба да очекуваме погодоци со победа на домаќините.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)

 

1011 Борнмут – ВБА (20:45 ч.)

До пред три години беа ривали во Премиер лигата, а сега се дел од Чемпионшип првенството во Англија. ВБА е тимот кој испадна од елитата, додека Борнмут беше еден од оние кои се бореа за влез во Премиер лигата, но не успеаја.

Ако се знае дека во ВБА беше „распад систем“, тешко дека многу работи се променети во тимот од Бирмингам, па на овој меч од првото коло во втората по квалитет англиска лига може да се очекува победа на домаќините.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

1275 Дери сити – Дрогеда (20:45 ч.)

Во Ирска се игра дури 23-тото коло од првенството, а ова е дуел на два тима кои се борат за излез во Европа. Дери сити е еден од најслабите домаќини, па во 11 меча има само една победа, а дури шестпати ремизирал. Дрогеда има позитивен исход на гостински терен сезонава.

Пред две недели играа во Купот на Ирска и Дери сити со гол во 96-тата минута се спаси од пораз (1:1), а потоа на пенали го елиминира ривалот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.22)

 

1641 Дордрехт – Јонг ПСВ (20 ч.)

Многумина со нетрпение чекаат да започнат мечевите во Холандија, каде што најчесто се игра на повеќе погодоци. Овој меч е создаден да се бркаат возбудувања и голови затоа што традицијата покажува дека на девет од последните 11 средби имало барем по четири погодоци. Оваа традиција треба да продолжи.

Предлог тип: 4+ (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести