Нема стари и млади фудбалери, и една минута е доволна да покажеш дали си мајстор (Видео)

Ариц Адурис во својот прв контакт со топката на синоќешниот натпревар против Барселона го даде својот најубав гол во кариерата. За неговите ножички уште долго ќе се зборува, а баскискиот напаѓач покажа дека возраста и не е толку важна, и дека старост од 38 години и 186 дена, не е пречка да се игра врвно.

Адурис е шестиот најстар играч кој постигнал гол во историјата на Ла Лига. Рекорер е Донато со 40 години и 138 дена, што значи дека Адуриз би го стигнал ако игра уште две години и во есента 2021 година затресе противничка мрежа. Адурис е вториот најстар играч зад легендата Алфредо Ди Стефано (39 години и 223 дена), кој дал гол против Барса.

Барселона од далечната 1966 година наваму не го примила првиот гол во една сезона во Ла Лига, но ете после 53 години, и тоа се случи синоќа. Каталонците цели 11 години немаа пораз во прво коло, а ова е седми пат тие сезоната во која бранат титула, да не победат на стартот.

Адурис со овој мајсторски гол се изедначи со Лионел Меси со по 15 сезони по ред во кои даваат голови во шпанската лига. Билбао во последните 14 сезони, само двапати ја победи Барселона, а и на двата меча не играше Лионел Меси.

Пред овој гол синоќа, Атлетик дома немаше дадено гол против каталонците од 8 февруари 2015 година. Тогаш, пред четири години, стрелец беше Адуриз, а кој друг?

Потсетување на прекрасниот гол кој ја шокираше Барселона:

https://www.youtube.com/watch?v=fayDmSvRsCk

- Оглас -

Најнови вести