Нема веќе дилеми: Познато е каде ќе игра Гундоган следната сезона

Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган, летово е трансфер цел на шампионот на Турција, Галатасарај, кој подготвува екипа за настапот во Лигата на шампионите. Долго се шпекулираше дека токму германецот со турски корени ќе биде нивното најголемо засилување, но тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, откри дека нема ништо од овој трансфер и фудбалерот е цврсто решен да остане во Каталонија.

Гундоган изминатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, каде се пресели минатото лето како слободен фудбалер од Манчестер сити, иако Пеп Гвардиола силно притискаше тој да остане на „Етихад“. Сепак, Гундоган беше одлучен својота кариера да ја продолжи во Барселона и да си го исполни детскиот сон.

- Оглас -

Најнови вести