Роберт Левандовски не сопира со голови во Лигата на шампионите. Вечерва го постигна шестиот во овој циклус за Баерн против Олимпијакос, во меч што заврши со победа на домаќините од 2:0.
Полскиот репрезентативец беше прецизен во 69-тата минута, а Баерн е првиот осминафиналист во Лигата на шампионите. Популарниот Лева има серија од 4 меча на кои дава барем еден гол, а ја тресеше мрежата на Олимпијакос трипати, на Тотенхем двапати и на Црвена ѕвезда еднаш.
https://www.youtube.com/watch?v=NWXJEAR-wZ0
Вториот гол беше дело на Иван Перишиќ во 89-тата минута во мечот од четвртото коло во фазата по групи. Баерн е прв и недостижен во групата Б со максимални 12 бодови, а Олимпијакос остана последен само со еден бод.
https://www.youtube.com/watch?v=UerumBbZ1SQ
Пласман во осминафиналето обезбеди и Јувентус по новата идентична победа од 2:1 против Локомотив. Гостите од Торино поведоа со голот на Арон Ремзи во четвртата минута, иако сè уште стои дилемата дали тој или Кристијано Роналдо беше стрелец.
https://www.youtube.com/watch?v=wFRgGURJSJ0
Домаќините израмнија брзо, веќе во 12-тата минута, а повторно како и на претходниот меч во Торино, мрежата на Јувентус ја затресе Алексеј Миранчук.
https://www.youtube.com/watch?v=-sVaGcwsuds
Во самиот финиш Даглас Коста погоди за победа на гостите, кои сега се недостижни за денешниот ривал и ќе играат во нокаут-фазата, веројатно заедно со Атлетико Мадрид.
https://www.youtube.com/watch?v=8a1LITBvj6A
Јувентус по четири одиграни натпревари е лидер во групата Д со 10 бода, пред Атлетико Мадрид со 7, но и меч помалку. Локомотив има 3 бода од 4 меча и е пред фенерџијата Баер Леверкузен, кој е без бодови на досегашните три одиграни натпревари.