Иван Тричковски го постигна првиот гол за АЕК Ларнака во осминафиналниот реванш-меч против Неа Саламис, а со победа од 2-0 неговиот тим си обезбеди настап во завршницата на Купот.
Македонскиот репрезентативец е рекордер според бројот на голови и е запишан во клупските книги на АЕК Ларнака.
Стрелец за домаќините беше и Шпанецот Акоран Барера Рејес. И првиот меч го доби АЕК, со 2-1 на гостински терен, па сега ќе ја очекуваат ждрепката за четврт-финалето на Кипарскиот куп.