Нема зима за Тухел, по Баерн се сели во Премиер лигата и тоа на „Олд трафорд“?!

Манчестер јунајтед најверојатно во новата сезона ќе биде предводен од актуениот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, објави Тимток.

Според англискиот портал, актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, на крајот од актуелната сезона ќе добие отказ бидејќи не ги исполни очекувањата и дури евентуален триумф во ФА купот каде ќе игра во финалето против Манчестер сити, нема да го спаси од отказ.

Најголем фаворит за клупата на Црвените ѓаволи е Тухел кој веќе се договори со челниците на Баерн Минхен, на крајот од сезоната да си замине од „Алијанц арената“. Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф смета дека Тухел може да го врати тимот на шампионските патеки.

Ова би значело враќање на Тухел во Премиер лигата бидејќи во 2021-2022 година седеше на клупата на Челси. Германецот со Сините во 2021 година триумфира во Лигата на шампионите, но новиот сопственик Тод Боли му врачи отказ на почетокот од наредната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести