Нема зимски распуст за премиерлигашите

Сезоната 2020/21 во Премиер лигата ќе почне на 12 септември, со 23 мај како закажан датум за комплетирање на сите 38 натпревари. Тоа значи дека првенството ќе трае пократко од вообичаено, со оглед на тоа дека принудната пауза и пандемијата со корона-вирусот тотално го нарушија фудбалскиот календар.

Затоа Англичаните одлучија да ја отстранат зимската пауза за новата сезона. Таа за првпат во Премиер лигата се воведе лани, секоја екипа доби по седум дена одмор во вториот месец од годината. Потегот се покажа како правилен, зимскиот одмор добро им дојде на клубовите, но сега ќе ја немаат таа привилегија.

 

- Оглас -

Најнови вести