Мечот од квалификациите за Либертадорес купот меѓу Олвејс Реди и Спортинг Кристал во второто коло од квалификациите за Либертадорес купот се најде во фокусот на вниманието поради условите во коишто се играше.
Медиумите во Јужна Америка реагираат поради одлуката на јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ) да им дозволи на домаќините да играат на својот стадион „Вила Ингенио“, кој се наоѓа на надморска висина од 4.083 метри.
Луѓето веќе на 2.100 метри помажуваат проблеми со дишењето поради разретчување на воздухот, а стадионот на којшто игра овој тим од Боливија е двојно повисоко. Домашните фудбалери се навикнати на таа атмосфера, додека гостите покажаа дека имаа големи тешкотии да го одиграат мечот без да претрпат катастрофа.
По првото полувреме резултатот беше 1:1, но гостите едноставно не можеа да го издржат тоа темпо и во следните 45 минути, па едноставно изгубија здив. Во второто полувреме домашниот тим го искористи фактот дека се игра на висина поголема од 4 километри, па успеаја да постигнат дури пет гола, додека гостинските фудбалери едноставно не можеа да го следат тој ритам.
https://twitter.com/i/status/1760143632156213300
По овој резултат од 6:1 речиси е јасно дека реваншот во Перу ќе биде формалност затоа што боливискиот тим сигурно нема да дозволи да пропушти предност дури од пет голови.