0.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Немаше чудо во Хернинг, но ова не беше најдоброто од Македонија

Данска ја надигра Македонија со убедливи 36-24, не оставајќи ни најмала шанса за некаква сензација на стартот на Европското првенство во ракомет.

И пред мечот се знаеше кој е кој, селекторот Кирил Лазаров беше свесен за тоа, ги одмори искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, јасно е дека средбата со Португалија в недела е клучниот околу амбициите за пласман во втората фаза.

Трибините на салата во Хернинг беа преполни, имаше 15.000 фанови, и беше уживање да се игра, Данците ги поздравуваа сите убави потези, па и тие кога ги имаа нашите ракометари.

Во 44-та минута Данска првпат имаше двоцифрена предност (27-17), па до крајот борбата беше дали ќе се избориме за пораз под 10 голови разлика.

Најефикасен поединец со 6 голови кај Македонија беше Серафимов кој го даде и јубилејниот 1.000-ти погодок на европските првенства за нашиот национален тим, Марко Митев и Кузмановски погоди по четири пати, додека во данскиот тим се истакнаа Питлик со 9 и Гидсел со 8, Емил Нилсен имаше 10 одбрани.

 

- Оглас -

Најнови вести