Немавме сребро на Олимписки игри, ниту на Европски игри, а тогаш се појави Дејан Георгиевски

Теквондистот Дејан Георгиевски со освојувањето на сребрениот медал на Европските олимписки игри во Полска го направи најголемиот успех на еден македонски спортист на ова натпреварување.

Преклани Дејан на Летните олимписки игри во Токио стана првиот македонски спортист кој освоил сребрен медал, натпреварувајќи се под македонско знаме. Со овие две сребра, теквондистот испиша историја во македонскиот спорт, резултати на кои се горди и браќата Дарко и Борче Костовски како предводници на македонското теквондо.

После двете големи сребра, кога-тогаш, ќе дојде и златото, можеби уште следната година на ЛОИ во Париз, нешто што сите искрени љубители на македонскиот спорт го посакуваат тоа.

- Оглас -

Најнови вести