Најдобриот стрелец на последното Европско првенство, Гиорги Микаутадзе, во неделата бил цел на вооружен грабеж во неговиот дом. Само неколку часа по завршувањето на првенствениот натпревар на неговиот Лион против Ница, маскирани лица со оружје влегле во неговиот дом, но, за среќа, не го повредиле фудбалерот.
Пленот на ограбувачите се проценува на околу 250.000 евра, а одземен бил накит, часовници, како и вредни предмети од неговиот дом.
Грузиецот Микаутадзе летоска се пресели од Мец во Лион за 6,5 милиони евра, и тоа откако имаше импресивни настапи на Европското првенство во Германија.