Ненад Димитријевиќ се повлече од НБА-драфтот

Само 12 кошаркари кои не се од САД или Канада ќе се појават на драфтот во НБА-лигата на 20 јуни, а меѓу нив ќе го нема најдобриот млад македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Нено беше на листата од 58 странски играчи кои фигурираа на списокот на потенцијални кандидати, но 10 јуни беше последниот рок во кој можеа да се откажат и тој го искористи тоа право. Нашиот талент одлучи дека не е време за трансфер во НБА и останува во Европа, во дресот на шпанскиот прволигаш Хувентуд.

Пред Димитријевиќ, во минатото македонски кандидати да се најдат на драфтот беа и Предраг Самарџиски и Владо Илиевски, но и тие се откажуваа, па ќе треба да почекаме за првпат да дочекаме некој Македонец да биде драфтуван. Единствен човек кој е роден во Македонија и играл за нашата репрезентација, а настапил и во НБА засега е актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ. Антиќ во НБА не влезе преку драфт, туку со директен трансфер од Олимпијакос.

Од странските играчи кои ќе учествуваат на драфтот, има и тројца членови на екипи од јадранската лига. Тоа се: Грузиецот Гога Битадзе, Хрватот Лука Шаманиќ и Французинот Адам Мокока.

Сите корисници кои се дел од Sport Llife клуб, со собирање поени може да земат кошаркарска топка преку Sport Life маркетот.

- Оглас -

Најнови вести