Некогашниот репрезентативец на Литванија, Каролис Чведукас, почина на 32 години. Засега не е позната причината за ненадејната смрт на овој фудбалер.
„Во понеделникот наутро, литванската фудбалска заедница доби трагична вест. Нашиот играч и член на националниот тим Каролис Чведукас ненадејно почина. Литванската фудбалска федерација во име на целата заедница сака да изрази најдлабоко сочувство на семејството и пријателите на починатиот“, стои во пораката од Федерацијата на Литванија.
Чведукас беше дел од репрезентацијата на Литванија во период од 2012 до 2019 година и вкупно одигра 20 натпревари. Во кариерата играше за екипите на Судова, Ватерфорд, Сплит, Дандалк, Коколан, Чојницанка, Оратори и Маријамполе. Последниот натпревар го одигра на 23 мај.