Ненајавен „гостин“ направи хаос на Тур Д Франс (Видео)

На најпознатата велосипедска трка во светот „Тур Д Франс“ се случи една бизарна повреда. Додека велосипедистите беа во една голема група, ненадејно на патеката се појави куче.

Поголем дел од велосипедистите успеаа да го избегнат кучето, но Белгиецот Ив Лампер удри директно во неповиканиот гостин на трката. Велосипедистот заврши на бетонот и заработи повреда на бутот на ногата. Сепак, тој успеа да стане и да ја продолжи трката.

https://twitter.com/i/status/1547914174411317251

- Оглас -

Најнови вести