Нено Димитријевиќ игра против тимот за кој навива од дете

Натпреварот помеѓу Партизан и Армани Милано е најинтересниот за македонската јавност од вечерашните во Евролигата, затоа што белградските Црно-бели имаат  многу фанови кај нас, а меѓу нив и Ненад Димитријевиќ кој е играч на Манекените од Милано и ќе гостува кај тимот за кој навива од дете.

Имаше шпекулации дека Нено може да прејде во белградскиот тим, но тој негира дека бил блиску до премин во Партизан.

„Навивач на Партизан сум и сакав да играм за тој клуб, но никогаш не сум добил понуда. Никогаш не се случи ништо конкретно во врска со тоа. Едвај го чекав овој натпревар уште кога го дознав распоредот на мечеви. Возбуден сум, едвај чекам да почувствувам атмосферата на најтешкиот гостински терен“, вели Димитријевиќ.

На Димитријевиќ може да се обложите на број на поени или асистенции.

На листата на индивидуалци е и Ти Џеј Шортс кој со Париз гостува кај Барселона. Според изгледот на табелата дерби меч вечерва е и оној во Каунас каде на Жалгирис му гостува Фенербахче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести