11.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Необичен меч на „Сан Мамеш“: Играа Баскија и Палестина, два народи со слична судбина (Видео)

Синоќа на „Сан Мамеш“ во Билбао се одигра интересен пријателски меч. Се сретнаа репрезентациите на Баскија и Палестина, народи кои делат слична судбина. Баскија е шпанска покраина, која години наназад се бори за независност и официјално нема своја репрезентација, бидејќи не се членки на ФИФА и УЕФА, но добија дозвола да играат против Палестина, која е членка на меѓународните организации.

Победи Баскија со 3-0, а на стадионот имаше 53.000 гледачи, кои со многу емоции го следеа мечот. Сите средства собрани од пријателскиот натпревар ќе бидат донирани за народот на Палестина.

Палестинците остануваат во Шпанија, бидејќи во вторник играат уште еден меч, против Каталонија, уште еден регион кој имаше неуспешен обид за прогласување независност.

- Оглас -

Најнови вести