34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Необично објаснување, Челзи прими гол од слободен удар, но судиите го поништија (Видео)

Кристал Палас постигна убав гол од слободен удар за водство против Челзи, стрелец беше Езе, но по интервенција од ВАР собата, голот беше поништен.

Бомбата на Езе го проби живиот ѕид, голманот Санчез не ја ни виде, и таа заврши во мрежата, но резултатот на лондонскиот дуел и понатаму е 0-0.

Судиите видоа дека Гехи бил преблиску (помалку од еден метар) до ѕидот, а имаше и туркање на Каиседо со кое се отвори простор за топката да помине низ средина.

- Оглас -

Најнови вести