Егзибицискиот бокс меч помеѓу легендите Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор, заврши нерешено. Оваа борба се чекаше долго, за Тајсон беше повратнички дуел после пауза од 15 години, а ветераните не разочараа со тоа што го прикажаа. Немаше судии, туку менаџментот на ВБЦ одлучи дека никој не бил доволно подобар од другиот, па прогласен е нерешен исход.
Имаше осум рунди по две минути, 54-годишниот Тајсон беше далеку поактивен, но 51-годишниот Џонс ги издржа нападите.
„Мислам дека требаше да победам, но задоволен сум и со нерешено бидејќи ова беше забава за публиката. Мило ми е што се вратив во рингот, убаво е чувството да се знае дека сум во добра форма. Планирам и во иднина да се појавам во ринг, имам некои планови, но нема да брзам“ – рече Железниот Мајк.