Интересни сцени имаше во Мелбурн на турнирот на кој играат тенисерките што испаднаа во раната фаза од Отвореното првенство на Австралија, а неочекувани гости дури и ја попречуваа играта на тенискиот меч меѓу Американката Медисон Бренгл и канадската претставничка Бјанка Андрееску.
Јато галеби постојано летаа на теренот на кој играа двете тениски дами, а во еден момент дури и го поништија асот на Андрееску.
https://twitter.com/tennis_gifs/status/1361263859873378304?s=20
Целата ситуација по малку беше и комична, а Бренгл имаше интересен коментар на социјалните мрежи дека целата ситуација ја потсетила на култниот филм на Алфред Хичкок, „Птици“.
https://twitter.com/tennis_gifs/status/1361258272397885444?s=20
Андрееску победи со 2:1 во меч што почна подоцна од предвидениот термин. Теренот мораше да се чисти од изметот на птиците, кои беа гости и во текот на мечот.
https://twitter.com/tennis_gifs/status/1361253462231687168?s=20