Непобедливите Ренџери на Џерард го расипаа дебито на Анчелоти на кралската клупа (видео)

Реал Мадрид го загуби првиот контролен натпревар со 2-1 на гостувањето во Глазгов кај шкотскиот првак Ренџерс. Тимот на Стивен Џерард со пресврт го расипа дебито на Карло Анчелоти на клупата на Кралевите.

Родриго ја отвори средбата со погодок во осмата минута, па Џерард го смени речиси целиот тим во второто полувреме и направи вистински потег со внесувањето во игра на Сакала и Итен.

За 1-1, Сакала погоди во 55-тата минута, па и Итен го круниса своето влегување во игра со гол по 15 минути поминати на теренот за конечни 2-1 во 77-мата минута. Само неколку моменти претходно, Кралевите останаа десеткувани откако Начо заработи втор жолт картон и исклучување, што беше знак за домаќините да тргнат по победата.

Во меѓувреме, Рома триумфираше со убедливи 5-2 над Дебрецин.

https://streamable.com/johh7b

https://twitter.com/realmadrid/status/1419345098307997700

- Оглас -

Најнови вести