Непочитување до бескрај: Прво го „покоси“, а потоа и го плукна противникот (Видео)

Вердер победнички мина низ Гелезенкирхен, откако со 3:1 го победи Шалке, во меч од второто коло на Бундеслигата. Гостите рано поведоа со 1:0, а тоа создаде дополнителна нервоза кај фудбалерите на Шалке. Во 28 минута домашниот дефанзивец Озан Кабак остро стартуваше врз Лудвиг Аугустинсон, а играчот на Вердер падна и почна да се тркала низ тревата.

Наместо да се извини за стартот, Кабак дури и го плукна противникот, со што покажа големо непочитување. Иако за тој старт Кабак не заработи ни жолт картон, во второто полувреме домашниот играч беше исклучен поради два жолти картони.

По мечот, Кабак се извини на социјалните мрежи. „Сакам искрено да му се извинам на Лудвиг. Не ми беше намерата да го направам тоа. Случајно беше. Не плукав кон него. Аголот на телевизиските камери даваат погрешна слика на ситуацијата. Никогаш досега не сум направил такво нешто, ниту ќе направам во иднина. Тоа не е спортски“, рече Кабак во извинувањето за неспортскиот потег.

Schalke’s Ozan Kabak spits at an opponent after fouling him. from r/soccer

 

- Оглас -

Најнови вести