Црвена ѕвезда утре му гостува на Милан во меч од Лигата на шампионите, а фудбалерите на српскиот шампион вечерва го имаат официјалниот тренинг на „Сан Сиро“.
На празниот стадион уште од денес се закачени транспарентите на фан-клубовите на Милан, а на еден од нив пишува и Косово. Српските медиуми пренесуваат дека ова е „скандал и провокација“ за нив, иако се работи само за фан-клуб на Милан од Косово и нема никаква политичка порака, но споменувањето на зборот Косово е окарактеризиран како провокација за нивната екипа.
Властите во Милано забранија присуство на навивачите на Црвена ѕвезда на овој меч, па „црвено-белите“ од Белград нема да имаат поддршка од трибините.