26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Непристојна понуда за Интер: Нудат 100 милиони евра за да рекламираат „сајт за возрасни“

Интер има шанса на најдобар можен начин да ја заврши сезоната и да освои два вредни трофеи. Нераѕурите на 24 мај ќе играат во финалето на Купот на Италија против Фиорентина, а потоа следува и најважниот дуел сезонава, а тоа е финалето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Италијанскиот гигант веќе одреден период игра со дресови на кои нема главен спонзор на предниот дел, па повеќе големи фирми се интересираат да ја заземат таа „пол-позиција“.

Компанијата „Дигитал битс“, која беше на дресот на Интер не го испочитува финансискиот дел од договорот, па затоа Нераѕурите решија да го раскинат тој договор. Меѓу оние кои сакаат да го добијат тоа место за реклама е и платформата My club. Тоа е веб-сајт за возрасни кој е подготвен да плати 100 милиони евра за нивното лого да биде истакнато на дресот на Интер, и тоа уште во финалето на ЛШ против Сити. Соработката би траела до 2029 година.

Главните луѓе на овој сајт веруваат дека токму сега е вистински момент за голема реклама, а таква би била реклама за време на финалето на ЛШ, кое го следат милиони луѓе од цел свет.

- Оглас -

Најнови вести