21.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Нереални сцени: Фудбалерите на Монако полуголи стојат на аеродромска писта (Видео)

Францускиот Монако утре ќе гостува кај Бриж во меч од првото коло во Лигата на шампионите. Необични и неочекувани проблеми имаат фудбалерите на Монако пред патувањето за Белгија.

Летот со авионот со кој требаше да патуваат играчите на Монако беше откажан откако имало проблем со клима уредот. Играчите влегле во авионот, а потоа започнал хаосот. Жештината била неиздржлива, па фудбалерите на францускиот тим почнале да се соблекуваат.

За кратко време сите биле само по гаќи. На повеќето ова им било интересно, па се снимаа за на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести