9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Нереални сцени од дочекот на Канте во Истанбул (Видео)

Н’Голо Канте е новата ѕвезда на Фенербахче која треба да помогне во борбата со Галатасарај за титулата во Турција, а Французинот вечерва и официјално слета во Истанбул.

Илјадници навивачи на Фенербахче се собраа на аеродромот, но и низ улиците на Истанбул каде треба да мине фудбалерот за да го поздрават. Се чини како да ја слават титулата, а не како да пречекуваат нов фудбалер во својата екипа.

Видеата објавени на социјалните мрежи делуваат нереално.

Канте пред два дена и официјално го напушти Ал-Итихад од Саудиска Арабија и кариерата ќе ја продолжи во Турција. Фудбалерот има 65 настапи за репрезентацијата на Франција, а своевремено вредеше 100 милиони евра.

Најголем траг остави во Англија, каде настапуваше за Лестер и Челзи и освои две титули од Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести