Нереди во Севилја – Навивачите на Ајнтрахт се степаа со полицијата, има и повредени (ВИДЕО)

Околу 150 илјади навивачи се наоѓаат во Севилја коишто се дојдени да ги поддржат Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс во финалето од Лигата на Европа.

Околу полноќ имало нереди, а според информациите, навивачите на Ајнтрахт имале инцидент со полицијата, а имало и пукања во воздух. Фановите на германскиот тим се судриле со противниците од Шкотска, а еден навивач на Ренџерс е посериозно повреден и завршил во болница, додека неколку минале со полесни повреди.

Финалната средба меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс се игра од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести