Нешто необично се случува на натпреварот Атлетик Билбао – Вилјареал

Средбата од шпанското првенство помеѓу Атлетик Билбао и Вилјареал која почна пред малку во 14 часот, е првата во последните пет и пол години, на која сите 22 стартери на терен се Шпанци. Последен пат кога во двата тима сите играчи биле со шпански пасоши, се случило во август 2014 година на меч помеѓу Еибар и Реал Сосиедад.

За Билбао не е чудно што нема странци, тие дури и не сакаат Шпанци од другите делови на земјата освен од нивната Баскија, но и Жолтата подморница истрча на „Сан Мамес“ само со чистокрвен шпански состав.

Денешниот ден во шпанската Ла Лига почна интересно, Севилја во 93-та минута со гол на Ел Несири дојде до победа од 3-2 над Осасуна која претходно даде два гола со играч помалку.

- Оглас -

Најнови вести