Неспортски потег на Тео Ернандес поради кој сигурно ќе биде “добро“ пречекан во Неапол (Фото)

Милан го победи Наполи со 1-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Гостите играа без нивниот најдобар играч Виктор Осимен и имаат активен резултат пред реваншот во Неапол. А, таму сигурно „добар“ пречек ќе има Тео Ернандес, кој со неспортски потег кон Лозано ги налути фановите не само на Наполи, туку и неутралните гледачи.

Пред крајот на првото полувреме, Хернандерс му одзеде една топка на мексиканскиот интернационалец Лозано, а потоа му се нафали во лице и се радуваше како да постигнал погодок. Потоа настана и мало кошкање помеѓу фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести