Шефилд јунајтед испиша негативна историја, ваква лоша одбрана во Англија немало 115 години!

Екипата на Шефилд јунајтед со трите голови кои ги прими денеска од Нотингам форест, испиша негативна историја на Премиер лигата.

Шефилд е првиот тим кој примил 100 голови во Премиер лигата во сезона во која играле 20 клуба, „подвигот“ им успеа во 36 кола. И Свиндон има примено троцифрен број голови во 1993/1994, но во таа сезона во Премиер лигата играа 22 клуба. До крајот на сезонава останаа уште две кола (треба да играат со Евертон и Тотенхем), па Шефилд може и да го зголеми негативниот рекорд.

Ако се гледаат само сезоните во кои во најсилната англиска лига имало по 20 клуба, пред Шефилд последен тим кој примил 100 или повеќе голови бил Лестер во 1908/1909, пред дури 115 години.

- Оглас -

Најнови вести