Несреќната фудбалерка која постигна хет-трик на автоголови не можеше да ги сопре солзите (Видео)

Женската фудбалска селекција на САД убедливо со 5:0 го победи Нов Зеланд, во меч кој ќе се памти по несреќната Маикајла Мур. Репрезентативката на Нов Зеланд си постигна хет-трик на автоголови, и тоа само за 36 минути игра.

Неверојатно делуваше фактот дека Американките водат со 3:0, а сите три погодоци се дело на Мур, која игра за Нов Зеланд.

https://twitter.com/i/status/1495508303903920128

Селекторот на Нов Зеланд сфати дека Мур е скршена по трите автоголови и едноставно мораше да ја извади од игра уште пред да заврши првото полувреме. Мур не можеше да издржи и кога излезе од теренот, почна да плаче.

Оваа 25-годишна фудбалерка има 48 настапи за Нов Зеланд, а веќе две сезони е дел од тимот на Ливерпул.

Селекцијата на САД ја предводи македонскиот стратег Влатко Андоновски и тој беше сведок на овој редок настан во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести