Фудбалската репрезентација на Палестина ремизира 1:1 против Оман во последното коло од третиот круг од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Ова беше директен дуел на екипи кои се борат за четвртото место во групата, кое носи во баражот.
На Палестина ѝ беше потребна победа за да направи историски чекор и да се избори за место во баражот. Палестина поведе со 1:0 благодарение на голот на почетокот од второто полувреме.
Во 73-тата минута Оман имаше дополнително отежната работа затоа што еден гостински играч доби црвен картон. Кога се чекаше Палестина да победи со 1:0, се случи шок за нивните фанови.
Оман буквално во последниот напад израмни со голот на Ал-Шаби од пенал во 97-мата минута. Со тој гол и освоен бод, Оман остана на четвртото место со 11 бодови и ќе игра во баражот за пласман на СП, а Палестина извиси и заврши на петото место во групата со 10 бода. Голот кој предизвика спортска несреќа и шок за Палестина може да го видите ТУКА.