Несторовски денеска ќе игра против Борусија Дортмунд

Илија Несторовски кој вчера попладне официјално стана член на италијанскиот прволигаш Удинезе, од денеска му е на располагање на тренерот Игор Тудор, и ќе биде во составот кој од 17 часот во австриското гратче Алтах ќе игра пријателски меч против Борусија Дортмунд.

Македонскиот репрезентативен напаѓач им се придружи на своите нови клупски колеги, а во Удинезе со кој потпиша тригодишен договор, се очекува да го носи дресот со бројот 30. Останува да се види колкава минутажа ќе добие против германскиот вицепрвак, но потребно е што побрзо да фати ритам и да се воигра со новиот тим.

- Оглас -

Најнови вести