Несторовски ја прецрта десетката на Јуве: Историска победа, штета што навивачите не беа со нас

Илија Несторовски е еден од најзаслужните за подвигот на Удинезе и победата од 2:1 против актуелниот шампион и лидер во Серија А, Јувентус.

Македонскиот репрезентативец со убав гол во 52-рата минута израмни на 1:1 и најави и пресврт и прекин на црната серија на Удинезе против Јувентус.

https://twitter.com/ogoalfc/status/1286371343538290688?s=20

Домаќините на „Дачија арената“ го комплетираа пресвртот со голот на Секо Фофана во 92-рата минута и не му дозволија ниту на десетка на Јуве во меѓусебните дуели, ниту на гостите да ја слават титулата.

„Пресреќен сум што придонесов за историска победа на Удинезе. Го заслуживме ова огромно задоволство, а јас сум посебно радосен што придонесов со гол да го победиме фаворитот. Штета само што со нас не беа нашите навивачи и што не можевме со нив да се радуваме“, напиша Несторовски на социјалните мрежи. За него ова беше третиот гол сезонава во црно-белиот дрес на тимот од Удине.

Јувентус допатува во Удине со низа од 9 меча без пораз против Зебрите, но и со подготвено шампањско за прослава на 36-тата титула. Победа им носеше нов пехар, но сега ќе мора да почекаат барем до недела и до дуелот со Сампдорија, кога со евентуална победа би станале прваци деветти пат по ред и вкупно 36-ти рекорден во Италија.

- Оглас -

Најнови вести