Илија Несторовски поради повреда на коленото нема да игра на Европското првенство, но ќе биде со тимот и во Букурешт и во Амстердам, а денеска им се приклучи на колегите со морална поддршка и совети. Напаѓачот се појави во базата на Рисовите и се докажа дека сите функционираат како едно големо семејство.