Несторовски од клупа го проследи минималецот на Интер (видео)

Интер го одржа максималниот учинок и по третото коло во Серија А со минималната победа над Удинезе од 1-0. Нероаѕурите благодарение на погодокот на Стефано Сенси дојдоа до нови три бода со кои ја задржаа челната позиција на табелата во Серија А пред актуелниот првак Јувентус.

Италијанскиот играч за врска ја затресе мрежата на Зебрите пред финишот на првото полувреме, гол кој се покажа како пресуден за гостите од Удине. Десетина минути претходно се случи немил инцидент по кој Удинезе остана со играч помалку на теренот. Еден од најдобрите играчи во составот Тудор, Родриго Де Паул заработи директен црвен картон откако му удри шлаканица на Кандрева, по што судијата интервенираше со помош на ВАР-системот и му го покажа патот на Де Паул кон соблекувалната.

Црвениот картон пресуди за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски да остане на клупата. Удинезе со 10 играчи на теренот едвај се надигруваше со Интер, а евентуално влегување на македонскиот голгетер ќе оставеше простор за домаќините поубедливо да напаѓаат за втор погодок.

https://twitter.com/bilalyariga12/status/1172956960817405953

- Оглас -

Најнови вести