-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Несторовски остана на клупа, фудбалер на Удинезе му направи фаул на судијата (Видео)

Удинезе освои голем бод на гостувањето кај Аталанта, која исто како и против Манчестер јунајтед пред неколку дена, повторно не знаеше да ја зачува предноста. Бомбардерот Руслан Малиновски со својот 11-ти гол во Серија А со шут од надвор од 16-никот, ја најави победата на Аталанта, но Удинезе ја шокираше Божицата со гол на Бето во 94-та минута за конечни 1-1.

Македонската јавност чекаше појавување на Илија Несторовски, кој не играл официјален меч уште од април. Повредата е минато, Нестор тренира со тимот, попладнево беше на клупата за резерви, но не доби шанса во Бергамо. Можеби камбекот ќе го има в срееда кога во Удине ќе гостува Верона, или следниот викенд во Милано кога Удинезе му гостува на првакот Интер.

Освен головите, најинтересен момент на мечот во Бергамо беше кога еден играч на Удинезе го сопна судијата, а и двајцата останаа неповредени после овој случаен дуел:

https://twitter.com/i/status/1452234834936479745

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести