Македонскиот напаѓач Илија Несторовски по осми пат сезонава постигна гол во дресот на Славен Белупо во хрватското првенство.
Несторовски кој е 35-годишен, ја игра својата најефикасна сезона после неговиот 30-ти роденден. Последен пат повеќе голови имаше дадено во сезоната 2018/2019 кога играше за Палермо во италијанската Серија Б.
После Палермо, со повеќе или помалку успех настапуваше и за Удинезе и Асколи, но се пронајде себеси сезонава по враќањето во хрватскиот фудбал кој му беше и отскочна штица пред да почне кариера во Италија.