15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Несторовски повторно двоен стрелец за Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во својот трет пријателски натпревар ги постигна дебитантските погодоци за новиот клуб Удинезе. Ексчленот на Палермо со два гола учествуваше во голеадата од 9-2 против италијанскиот нисколигаш Сан Луиџи.

Удинезе даде шест гола во првите 45 минути, а Несторовски се запиша во листата на стрелците во 30-тата и 34-тата минута. Два гола постигна и Мандрагора, додека Теодорсчик оствари хет-трик, на крајот конечните 9-2 ги поставија Овизач и Барак.

Претходно, во контролките против Бешикташ и Б. Дортмунд, Несторовски доби мала минутажа, а денес стартуваше во првите 11 и довербата ја оправда со двата гола, исто како во дуелот против локалниот клуб Кјарлинс Муцане пред неколку дена. Од него се очекува да биде главен напаѓач на Зебрите.

Несторовски ќе дебитира за Удинезе во Серија А против Милан во првото коло, меч кој е закажан на 25 август.

- Оглас -

Најнови вести