Несторовски со два гола му покажа на Тудор дека треба да е стартер против Милан

Илија Несторовски доби шанса во првиот тим на Удинезе и тоа го оправда со два гола, во дуелот против локалниот клуб Кјарлинс Муцане. Македонскиот репрезентативец даде по еден гол во двете полувремиња, па беше повлечен од игра во 67 минута, при резултат 6:0 за калчолигашот.

Нестор-гол даде убав погодок со шут со лева нога од 15-тина метри и топката ја испрати ниско по земја во левиот агол, што беше за 1:0 и најава за голеадата која следуваше. По првото полувреме, Удинезе водеше со 2:0, а Несторовски вториот погодок на мечот го даде во 52 минута, кога зголеми на 4:0.

Во 67 минута, Несторовски беше повлечен од игра, при резултат 6:0 за Удинезе. Со играта на овој меч, Несторовски потврдува дека ќе биде одлично засилување за Удинезе, кој успеа да го доведе за без пари. Ако продолжи во ист стил, Илија сигурно ќе има место во првиот тим на Удинезе во првото коло од Серија А, кога за ривал ќе им биде Милан, а тренерот Игор Тудор може само да го радува ефикасната игра на неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести