Несторовски повторно погоди и го спаси Славен Белупо од пораз (Видео)

Илија Несторовски продолжува да ги тресе мрежите во хрватското првенство, а попладнево го спаси Славен Белупо од пораз. Екипата од Копривница имаше негатива од 1-0 на гостувањето кај Истра, но македонскиот интернационалец со одличен удар со лева нога во 29-тата минута успеа да израмни на 1-1.

На крајот тоа се покажа дека е и конечниот резултат на овој меч. Несторовски ги одигра сите 90 минути за Славен Белупо, кој се врати на четвртата позиција на табелата, веднаш позади водечката тројка, Ријека, Хајдук и Динамо.

- Оглас -

Најнови вести