Несторовски влезе во финишот, но не му помогна на Удинезе

Удинезе загуби со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија, по што екипата на Илија Несторовски и во четвртиот обид не успеа да ја запише првата победа во 2021 година.

Македонскиот репрезентативец чекаше шанса од клупата за резерви, ја доби во 84-тата минута кога гостите го примија вториот гол. Сепак, Несторовски не можеше да му помогне на својот тим да го избегне деветтиот овосезонски пораз во Серија А.

Гостите во 55-та минута поведоа преку Де Паул, но до 81-та минута погодуваа Кандрева од пенал, а потоа и Торегроса за конечни 2-1.

Удинезе останува на 15-тото место со 16 бода по 17 меча, додека Сампдорија стигна до 10-тата позиција со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести