Од многуте спортски резултати, денеска за издвојување е победата на српската женска кошаркарска репрезентација во дуелот против Албанија, во квалификациите за пласман на ЕП. На мечот кој се одигра во Албанија гостинките победија со неверојатни 139:34.
Српските кошаркарки едноставно немаа милост кон противничките и во текот на целиот меч демонстрираа сила и квалитет. Албанките во првата четвртина донекаде успеваа да парираат, па ја загубија „само“ со 21 поен разлика (36:15). Во вторите 10 минути Србија беше подобра со 38:8, па на полувреме разликата изнесуваше 51 поен во корист на гостинките (74:23).
И во второто полувреме Србинките не попуштија во темпото, па третата четвртина ја добија со 32:4, а во последните 10 минути беше 33:7 за конечни 139:34, односно 105 поени разлика, нешто што одамна не е видено во кошаркарскиот свет.
Во останатите мечеви кои денеска се одиграа во квалификациите за ЕП жени: Шведска – Црна Гора 68:55, Данска – Италија 72:82, Турција – Литванија 74:51, Финска – Белгија 58:85, Грција – Исланд 89:54, Бугарија – Словенија 64:72 и Украина – Португалија 70:60.