15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Неверојатен гол со лоб од центарот на теренот постигнат во првенството на Полска (Видео)

Бразилскиот интернационалец Педро Енрике денес го постигна еден од најубавите голови викендов, ако не е и најубавиот. Тој со 12-тата минута и донесе предност од 0-2 на својата екипа, Радомјак, на натпреварот од првенството на Полска против Јагелонија, откако успеа да го погоди во противничката мрежа со лоб од центарот на теренот.

За него тоа беше втор погодок на мечот, откако претходно во третата минута стрелаше за водство од 0-2. Сепак, неговите голови не беа доволни за поволен резултат и на крајот Јагелонија со комплетен пресврт успеа да победи со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести