Неверојатен меч: На Лацио му признаа гол по ВАР па судијата потоа сам отиде да провери и им го поништи

Лацио и Емполи одиграа неверојатен меч во рамките на 20-то коло од Серија А.

На крајот, средбата заврши 3:3 односно со поделба на бодовите и тоа по трилер завршница, каде што беше вмешан и вар-от.

Гостите преку Бајрами и Зурковски на самиот старт поведоа со 0:2, а преку Имобиле, Лацио намали на 1:2 со што се замина на полувреме.

Нова радост за домаќините, овојпат во 66-та минута донесе Сергеј Милинковиќ Савиќ (2:2), додека нова предност на Емполи обезбеди Ди Франческо (73′).

Лацио преку Патрик, барем за кратко израмни на 3:3, но, по неколку минутен преглед од страна на ВАР беше признаен голот на домаќините, за потоа веднаш да се упати покрај екранот од страна на теренот и да ја провери ситуацијата сам.

Тој го поништи голот на Патрик, се чини оправдано поради игра со рака. Во 87-та минута Чиро Имобиле, не успеа да реализира пенал, но возбудувањата не завршија тука бидејќи во судиското продолжение Лацио, конечно, успеа да израмни и тоа со новиот погодок на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

- Оглас -

Најнови вести