Неверојатен поен на Австралија опен, коментаторот остана во чудење (Видео)

Шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста по голема борба со 3:2 во сетови го победи Грекспор од Холандија. Мечот траеше повеќе од четири часа, а во средината од третиот сет беше одигран најнеобичниот поен не само на мечот, туку на досегашниот дел од турнирот.

Карењо Буста имаше брејк-топка за 5:3, а поенот беше неверојатен. Шпанецот мораше дури да помине од другата страна на мрежата, за да го освои поенот, но секако без да ги прекрши правилата, односно да не ја допре мрежата.

Коментаторот на мечот со чудење го прокоментира овој момент, велејќи дека никогаш претходно не видел сличен поен.

https://twitter.com/i/status/1483664644975771654

- Оглас -

Најнови вести